Николоски: Колку помалку криминал и корупција во власта, толку помалку уцени од Бугарија

Македонија има добри закони и добро поставени институции. Не треба да трошиме време ниту на менување на закони, ниту на формирање институции, туку само тие да се стават во погон и да им се даде слобода да работат, да немаат политички притисок и за шест до девет месеци ќе се испорачаат резултати.

Темата за криминалот и корупцијата како никогаш претходно е тема број еден во Македонија. СДСМ и ДУИ влегоа во седма година заедничка власт, која од првиот ден е карактеризирана со големи корупциски скандали и целосно уривање на правната држава, како и одбивањето да се воведе функционален систем на владеење на правото и да се удри по криминалот и корупцијата.

Ако изминативе години тоа и се затскриваше од јавноста веќе оваа година скандалите еруптираат и никој не може да ги скрие. Во такви услови, високото ниво на криминал и корупција ја загрозува иднината на Македонија. Луѓето масовно се иселуваат, економијата тоне. Тоа е познато.

Advertisements