Николоски: Досега во историјата на Македонија не се случило некоја Влада да бега од избори како оваа

Доколку владејачкото мнозинство е сигурно во својата победа веднаш да закажеме предвремени парламентарни избори на пролет. ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Димитар Ковачевски како никој премиер досега, бега од избори бидејќи опозицијата ужива поголема доверба од граѓаните. Од друга страна како што вели, потпретседателот на партијата, Николовски, народот е разочаран од економското тонење и националните понижувања.

  • „До сега не се случило во историјата на македонската демократија да има едно вакво епско бегање од избори. Никој до сега вака не бегал од избори како што бега оваа Влада на СДСМ и на ДУИ, затоа што не само што добро ги знаат истражувањата на јавно мислење каде што предноста за ВМРО-ДПМНЕ кон СДСМ е повеќе од два спрема еден, а предноста на опозицијата кон власта е далеку, далеку поголема. Но, исто така, го чувствуваат и импулсот на народот, знаат дека народот е разочаран од ова што се случува, разочаран е од економското тонење, но исто така и од националните понижувања“, рече Николоски.

На власта пак не и се оди на предвремени парламентарни избори. Премиерот Ковачевски тврди дека прво ќе има претседателски, па редовни парламентарни избори во 2024 година на кои, според него, ќе победи владејачкото мнозинство. Според Ковачевски, ВМРО-ДПМНЕ во општините со кои раководи докажува дека не може да ја извлече државата од економската и енергетската криза.

  • Изборите ќе бидат во 2024 година, прво ќе имаме претседателски а потоа и парламентарни избори, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Дека партиите се влезени во силна кампања и се подготвуваат за предвремени парламентарни избори следната година, сметаат и политичките аналитичари. Секојдневните активности на сите политичари во власта, јадењето сендвичи и тостови од страна на премиерот во локални гостилници не се ниту малку случајни, во време кога рејтингот на власта е во слободен пад.

Викторија Миткова

Advertisements

Поврзани вести