Николоски : “Дилот” СДСМ/ДУИ излезе на виделина
Вакво удирање рикверц е за во аналите на дното на македонската политика. Рудник нема да има! Ама излезе на виделина дилот СДСМ/ДУИ за уништување на Струмичко, напиша на социјалните мрежи потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николовски по информациите кои излегоа од јавноста дека министерот за економија Крешник Бектешии ја излажал цела Влада да гласа за спојување на концесиите за ископ на бакар и злато на „Еуромакс ресоурцес“ во Струмичко.
Како што објавија медиумите, министрите во Владата кажале дека сѐ траело многу кратко и никој не се посомневал дека е можно Министерството за економија да презентирало лажни податоци.
КАТЕГОРИИ Македонија