Николоски во Отворено: Апсењето на Вељаноски е неуставно и е уште еден пример на директен притисок врз неистомислениците

Ова е продолжување на теророт и притисокот кој оваа хунта го прави, смета потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Алекдандар Николоски во врска со информацијата за приведувањето на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Велјаноски.

 -Ова е злоуптреба на судството полиција и е директен политички притисок врз неисомислениците. Ова го прават на рати, како што им паѓа рејтингот и претставува очајнички обид кој нема врска со правото и со правдата, вели Николоски во Отворено на Алфа.

Додава дека на многу луѓе им се уништуваат животите и Заев продолжува со притисокот врз неисотмислениците.

-Имам да му порачам дека работите се менуваат и дека треба 10 пати да размисли пред да направи нешто. Сметам и дека оваој акте е неуставен бидејќи Вељаноски е пратеник во собранието и ужива имунитет и без да му се тргне имунитетот не може ништо да превземе, вели Николоски.