Николоски: Борба со корупција за членство во ЕУ

Дека реформите се клучот за евоинтеграциите пишува и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во неговата најнова колумна за „Фокус“.

Тој вели дека ако се анализираат говорите на Емануел Макрон и Шарл Мишел ќе се види дека имаат една заедничка порака – стандарди кои за жал Македонија пред се во делот на владеење на правото не ги исполнува.

-Високо корумпирана држава никогаш нема да стане членка на ЕУ. За високо корумпирана држава никој нема со прст да помрдне и да и каже на Бугарија – доста е! Напротив! Затоа битка број еден на следната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде силна битка со организиран криминал и корупција, пишува Николоски во колумната во која додава и дека обидот на власта да ги менува тезите во јавноста е очаен.

„Власта дури и сече и монтира изјави да ги става во погрешен контекст за да претстави погрешна слика во јавност. Јас сум само последна жртва на таа политика“ заклучува Александар Николоски осврнувајќи се на последниот скандал во кој групацијата на медиуми Цивил, која важи за блиска до власта, беше фатена како спонзорира лажни вести со сечени, лепени и монтирани изјави.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста