Николов: Македонија мора да почне да размислува за развој на државата
Партиите само се борат да покажат кој колку ја сака државата и постојано се зборува само за тоа кој што и како направил. Мора да се размислува за развој на државата, да зборуваме за здравство, образование, енерегетика – рече Марјанчо Николов, поранешен пратеник од СДСМ, во За или против. Во врска со уставните измени рече дека Македонија мора да оди напред, и да ја исполни стратешката цел.
„Какви гаранции би биле доволни, за ВМРО-ДПМНЕ да го даде гласот за уставните измени, зошто ДУИ да излезе и така натаму. На тие прашања нема одговор се уште. Сега партиите се натпреваруваат кој и сакал добро на државата, кој сакал Македонија да оди напред, кој не и така натаму. Нас ни е една од стратешките цели е ЕУ. И партиите имајќи ја довербата на граѓаните и одговорноста што ја носат, треба се да направат ова да успее. Кој ќе победи, кој ќе успее а кој не, од политичките партии, тоа ќе го кажат граѓаните. Јасно е, и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да направат некој компромис и да влезат во решавање на проблемите. Од друга страна, и ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да сфати дека пораките од ЕУ се важни и не можеме да добиеме таква гаранција, уставните измени да важат со влегувањето на Македонија во ЕУ – рече Марјанчо Николов.