Николовски: Судот потврди дека Вице Заев е главен бизнис фактор во државата

Делумно уважена тужбата на Вице Заев против Александар Николоски за клевета. За скопска двојка не е спорен делот од изјавата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, дека братот на премиерот е главен бизнис фактор во државата, спорен е единствено делот за наместените тендери. Судот одлучи дека Николоски не треба да го плати бараниот паричен надоместок.

Според неговите зборови судијката Кети Германова била бод притисок за целосно Вице Заев да не го изгуби образот.

-Задоволен сум во делот каде што тужбеното барање е одбиено во однос на материјалната надокнада и во однос на делот кој се однесува за главен бизнис фактор во државата. Во однос на делот за наместени тендери, јас јасно кажав, вие бевте сведоци дека тој дел се однесува на работењето на Владата, изјави Николоски.

На изрекувањето на пресудата не се појави ниту Вице Заев, ниту пак неговиот адвокат. Ова според Николоски претставува непочитување кон институциите.

-Морам да истакнам дека односот од судот беше коректен, каков што не беше на тужителот на Вице Заев, кој што од вкупно четири рочишта, се појави само на едно. Денес дури ни адвокатот негов не дојде, што само покажува колкава почит имаат пред судот, пред институциите, пред вас јавноста и пред мене како тужен, изјави Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека пресудата ќе ја обжали пред Апелациониот суд, потенцирајќи дека очекува ова тужбено барање да биде целосно одбиено.

Матеја Петровски