Николовски: на „црниот петок“ се случи усилување на македонската демократија

Гласањето на потребата за отворање на македонскиот Устав беше класично усилување на демократијата. Јасно се гледаше дека Зоран Заев нема поддршка за гласањето, па тоа го направи со директни закани, и обид за поткуп, закани со судски процеси, тоа е стил на СДСМ, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски во гостување на „Отворено“ на Алфа.

-Власта односно Заев се далеку од тоа да имаат поддршка, тие всушност не успеаја да обезбедат легитимитет ниту на парламентарните избори ниту на референдумот и се обидоа тоа да го направат со едно класично силување на демократијата. Затоа прво измислија судски процеси, обвинија луѓе, ставија во притвор ги злоупотребија ги притиснаа и на крај злоупотребувајќи ги и злоупотребувајќи им ја маката успеаја да ги натераат да гласаат, заклучи тој.

Коментирајќи го брзото менување на ставот на осуммината пратеници Николовски вели дека власта преку монтирани политички процеси ги притисна пратниците за да го обезбеди потребното мнозинство. Злоупотребувајќи ја нивната мака и сериозните затворски казни кои им се закануваат, мнозинството го доби тоа што го бараше, но тоа нема да им ја оттргне ниту пак намали вината на пратениците, смета поторетседателот на опозицијата.

-Додека СДСМ  се служеше со директни закани, уцени понатака обид за поткуп и физички закани, а кај некои и пратеници и со закана за затворски притвор се со цел да се изгласа договорот помеѓу Заев и Ципрас. Тоа е стилот на СДСМ, кој ВМРО-ДПМНЕ ниту го користело ниту ќе го користи. ВМРО-ДПМНЕ единствено бидејќи е демократска партија со служи со методите кои ги залага демократијата, потенцираше Николоски.

Изненадени сме од одлуката на сите пратеници кои гласаа, непријатно е што сите тие беа на листата на ВМРО. Не очекувавме дека ќе одат спротивно на изборната програма и на граѓаните кои ги избраа, вели Николовски. Ние сме против преспанскиот договор и нема да прифатиме промена на името.