Николвоски: За политички монтираниот процес од 27 април, наскоро ќе се одговара во Стразбур и пред македонските судови

На прашањето зошто Власта наеднаш престана да зборува дека ВМРО-ДПМНЕ бара амнестија, потпретседателот на партијата Александар Николовски во Отворено студио појасни дека, амнестијата воопшто не била тема на преговори. СДСМ вели Николовски ова го искористи за политички спин.

– Како што гледате ВМРО ДПМНЕ не да не се согласи, туку вооптшо не сакало да раговара за таква работа, затоа што немаат цена тие работи. Затоа што сите ние сме свесни, дека во Македонија се води политички процес, да сме на чисто тука, рече Николовски.

За тоа дека постои интерес за амнестија, кој се говори во новинарските кругови, исклучително во врвот на СДСМ, нои дека с е чува за пред избори за да биде во нивна корст имајќи во предвид дека се зголемува бројот на скандали поврзани со нивното владеење и последиците од истото, Николовски вели:

-Тоа е повторно таа логика на СДСМ, пазарџиска логика, логика на финти научена од Црвенковски. Тоа кај нас не поминува. Не може вие да создадете политички процес, без ниту еден доказ и потоа за тоа да нудите амнестија. Се амнестира само човек кој што е виновен. Не може да амнестирате невин човек. Прво е греота за луѓето на кои ова им се случува, цел живот да им стои товар на грбот,  дека биле амнестирани. Затоа што кога некој е амнестиран, значи признава вина, Заев е на пример, еднаш е аболициран и еднаш амнестиран…и човекот не се откажа, што значи си призна вина. Јас мислам дека е нечесно овие 300 луѓе кои што се под силен политички притисок за кој што најчесто нема никаков доказ, да бидат сметани за виновни до крајот на својот живот како што е нечесно и луѓево кои што се обвинети за 27 април да се гонат за тероризам. Како може да некој се гони за тероризам, тоа на сите да ни е смешно, а судот и обвинителството да го тераат тоа освен под политички притисок? Така што, таа математика на Заев и компанија таму не им поминува. Тие за ова што го прават, за политичкиве притисоци ќе си одговараат, ќе одговараат правно. Мислам дека многу брзо ќе има пресуди пред Европскиот суд во Стразбур затоа што ја знам праксата и практиката таму, сум бил долго во Советот на Европа, а ќе си одговараат и пред домашните институции, за на ниедна влада повеќе да не и текне да го злоупотребува судството, заклучи Николовски.

Препоставувам, продолжи Николовски, дека кога се креирале тие политички монтирани процеси, се мислело дека ќе се искреираат голем број на процеси, со цел да се стави ВМРО-ДПМНЕ в ќош и да се согласи на капитулација на Македонија.

-За жал на СДСМа за среќа на Македонија многу лошо не процениле, затоа што лошата проценка ќе е во корист на Македонија. Во исто време ми е многу жал за луѓето кои што страдаат под овие прогони, повикувам час поскоро да престанат овие политички прогони, затоа што е очигледно дека се политички и дека нема никаков доказ. А сите оние кои што ги прават овие прогони, во соодветно врме, ќе сносат одговорност и пред судот во Стразбур а и по промената на власта во Македонија. Затоа што да малтретирате некого на правдина и на чесност е ништо друго освен кривично делоза малтретирање и за нарушување на угледот на линостите, смета Николовски.

Најголем дел од луѓето кои се под ваков силен удар и притисок, од контакти со нив, тврди Николовски, уште повеќе се мотивирани да не се попушти, затоа што се свесни дека им се прави политички притисок, со цел тие да го притискаат ВМРО-ДПМНЕ.

-Јас сум им благодарен што го издржуваат притисокот, а во исто време можам да му кажам на македонскиот народ дека , ние нема да попуштиме, вели Николовски.