Никакви градежни активности на локацијата кадешто треба да никне фабриката за електрични возила

Ќе се гради или не скоро фабриката за електрични возила во тетовската технолошко-индустриско развојна зона се поставува прашањето откако денес таму не можат да се видат активности кои наликуваат за градба на објект.  Иако екипата на Алфа ТВ не доби согласност да влезе во зоната и да сними на самото место, сепак од надвор додека чекавме забележавме дека таму денес нема градење. 

Како што покажуваат и снимките, денес има само две возила налик на градежна механизација кои тоа време стоеја во место, но немаше градежни работници.

На вториот ден по помпезното најавување на почетокот на новата фабрика за електрични возила, тука не можат да се забележат градежни работи.

Поради недозволениот пристап не можевме одблиску да провериме и дали, како што налагааат правилата при градење, е поставена табла со информации околу тоа која фирма е инвеститор, која гради, кој и кога ја издал издадената градежната дозвола и слични информации.

За да се снима во внатрешноста од тетовската зона ни беше посочено да бараме согласност и информации од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, каде испративме електронска пошта, на која не добивме повратен одговор.

На сајтот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони објавена е информација дадена од директорот Деспотовски дадена за медиуми дека фабриката за електрични автомобили во Тетово ќе почне да се гради на есен, а според договорот, а пробното производство се очекува во 2024 година.

Како што беше најавено во саботата, треба да се гради објект кој би имал 60 илјади квадратни метри. 

Александар Самарџиев