Бројни слабости на македонскиот енергетски систем констатира извештајот на секретаријатот на енергетска заедница. Македонија има многу предизвици со кои треба да се справи во иднина за да се намали увозот и да се намали и притисокот врз цените. Недостигот на производство е поради ненавмремено инвестирање во енергетскиот систем  .

Она што го забележавме во Македонија, е драстичен пад на домашното производство што сметам дека е поради недостатокот на лигнан и јаглен, стареењето на електраните, климатските проблеми, временските услови, намалениот капацитет на хидроцентралите, насекаде во Балканот пропуштивме многу можности, имаше времиња кога можеше да се инвестира а не се направи тоа, рече Дирк Бушле заменик директор на секретаријат на Енергетската заедница во Европа.

Она што е нејасно за Европската енергетска заедница е зошто Македонија увезува лигнит, и предупредуваат дека постројките за јаглен треба да ги почитуваат правилата за заштита на животна средина . Наместо кон извори кои загадуваат, треба да инвестираме во обновливи извори на енергија. Сепак за инвестиции е потребно стабилно законодавство кое ќе привлече инвеститори, а нам ни недостига и тоа.

Уште една чиста дилема се постројките за јаглен кои сеуште оперираат во земјата , во овој случај има една чиста дилема која е за важноста за генераторот на електрична енергија, многу земји привремено се префрлија кон јаглен, а овие постројки треба да ги почитуваат правилата на животната средина , емисиите на загадовачи кои се штетни на здравјето , треба да се справите со тоа, да се најде решение , како да се спојат овие две цели и за постигнување на енергетска безбедност и заштита на заштита на животната средина , вели Бушле.

Македонскиот енергетски систем е премногу партизиран , критикуваат од опозицијата. Производството е сведено на минимум, а се вложува премалку во зелената транзиција

Генерално Владата се водеше од евтина енергија од Европа има драстичен пад на домашното производство и тоа беше увертира во кризата и во ситуација кога енергенсите драстично пораснаа се најдовме во дополнителна криза, рече пратеникот Здравко Трајанов од ВМРО – ДПМНЕ

Извештајот кој стигна пред пратениците говори мора да има мерки за да се прилагодиме кон високите цени на пазарот на енергенси . Владата и собранието мора да работат заедно за да се подобри стабилноста на енергетскиот систем.

Кристина Алексиеска

Advertisements