Не се плаќа струја, не се плаќа данок, а се слеваат милиони за поддршка – Арачиново стана држава во држава


Нула наплата на даноци, а постојани дотации од државната каса. Арачиново повторно доби владина помош, овој пат 1.1 милиони евра.
„Конечно ќе се санира каналот за отпадни води во Општина Арачиново. На денешната седница на владата ја донесовме одлуката за спроведување на постапка за јавна набавка за регулирање на обиколниот канал во оваа општина“, напиша вицепремиерот Артан Груби на неговиот официјален Фејсбук профил.

И ова не е прв пат директно да се помогне на Арачиново. За време на Ковид – кризата Владата одлучи да го помогне Арачиново со половина милион евра неповратна помош за справување со здравствената криза. Тогаш во Арачиново имаше 21 заболен од Ковид – 19, а во дел од скопските општини бројките беа над 1000, но не добија финансиска помош.

Од Општината тогаш одлучија дека парите иако беа за борба со последиците од вирусот ќе ги искористат за подмирување на стари долгови.
Од друга страна другите општини низ Македонија веќе со месеци бараат помош од Владата за справување со енергетската криза, голем дел од нив не може да ги подмират огромните сметки за струја, но остануваат игнорирани од централната власт.
Претседателката на ЗЕЛС, Данела Арсовска, уште еднаш ја потсети Владата за ситуацијата во која се наоѓаат малите општини и апелираше да се изнајде начин како да им се помогне.
Досега немаме никакво одговор . Ние имаме општини кои се лимитирани за тоа како да добијат средства да ја препродат кризата, рече Арсовска
Арачиново е општината која е најзависна од директна парична помош од централната власт. Таму наплатата на даноци речиси и не постои. Според ланското истражување на Центарот за комуникации Општината во изминатите пет години воопшто и не наплатила данок на имот. Ова го призна и поранешниот премиер Зоран Заев.

Таму има многу често има израз и на насилство кога се бара да се наплати данокот на имот и треба да се стави ред и поредок. Тоа е изворен приход на општината и треба да го направи. Општина Арачиново никогаш не се развивала така, како од 2017 се развива. Но, за жал најмногу со државни пари, рече поранешниот премиер Зоран Заев на 09.03.2021

Сепак, веројатно за мир во коалцијата и зависноста на СДСМ од ДУИ и албанските гласови, Арачиново и натаму ќе остане „држава во држава“ привилегирана во однос на сите други општини.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста