Не се знае кога ќе почне новата учебна година – МОН разгледува три опции
Министертсвото за образование и наука разгледува три опции за стартот на новата учебна година.
Учебната година да почне од средината на септември и да трае до крајот на јуни. Ова е еден од трите предлози кои ги подготвува Министерството за образование во консултација со наставници и синдикатот. Другата опција е како и досега од 1-ви септември петок до 10 јуни, а третиот предлог е децата да имаат пролетен распуст, но да учат подолго во јуни. Ова како што велат од надлежното министерство е по пример на други земји, а каков образовен процес ќе се избере кај нас треба да одлучи владата.