Не се води на негово име, ама Груби реши да се извинува: Чиј е автомобилот кој гореше пред зградата на првиот вицепремиер?!
Чиј е автомобилот кој гореше пред зградата на Артан Груби во Чаир? Медиумите објавија дека е на првиот вицепремиер, но сепак не се води на негово име.Според официјалните информации од МВР автомобилот е во сопственост на 35 годишно лице со иницијали Б. Л. Артан Груби реши преку социјалните мрежи да сеогласи за опожарувањето на автомобилот. Со фејсбук статус полн со извинувањам тој прецизно не кажува за поврзаноста со запаленото ауди, но наведува на тоа дека автомобилот бил од неговиот сосед и пријател.
-Им се извинувам на сите мои соседи во мојата населба за големото вознемирување синоќа пред нашата зграда само поради мојата професија. Исто така, му се извинувам на мојот пријател и неговото семејство за предизвиканата штета само поради мојата професија. Се извинувам што моето и вознемирувањето на моето семејство се претвори и во грижа и вознемиреност и на соседите и на пријателите, пишува Груби.
Тврди дека неговата политичка активност била причината, но сепак немало да се повлече од политиката.
-Континуираните закани и последователни напади ги сметам за кукавички и подмолни, но немам намера да запрам и да престанам да работам и да ги исполнувам очекувањата на граѓаните, пишува Груби.
Иако официјално станува збор за возило на сосед на првиот вицепремиер, аудито со Груби го поврза и министерот за надворешни работи Бујар Османи. Изразува загриженост и ги повика властите да спроведат темелна истрага за да се откриела вистината за овој инцидент.
-Овој грозоморен чин на насилство не е само напад на почитуван колега, туку и навреда за нашите демократски вредности и структурата на нашето општество. Ова го кажувам, не само како министер, туку и како загрижен граѓанин, за најостро да го осудам овој чин на подметнување пожар, вели Османи.
Исто Ауди А6 како опожареното со Груби беше поврзувано и пред две години. Тогаш порталот на албански јазик „Телеграми.мк“ напиша дека станува збор за автомобил на првиот вицепремиер, на кој неовластено биле ставени полициски флешери. Од албанската опозиција пак се сомневаат дека случајот со запаленото возило е сценарио на самиот Груби , со цел привлекување внимание во јавноста и прикажување како жртва.
Матеја Петровски