НАЈНОВИ ВЕСТИ

Не само кривична, туку и политичка одговорност за онкологија, побара Мицкоски

Не само кривична, туку и политичка одговорност за криминалното и монструозно здружување  на Онкологија, вака денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, го коментира мега скандалот со кражбата на лекови и цитостатици, и манипулацијата со терапијата за болните од рак, кој  веќе неколку денови ја тресе македонската јавност. Според Мицкоски, ако во владата има барем малку човечност, треба веднаш да си поднесат неотповикливa оставка
  „Ќе ве потсетам дека ние уште пред две години како ВМРО-ДПМНЕ излеговме и предупредивме дека ова им се случува на пациентите коишто наместо да добијат лекови, оставени се во милост и немилост да, за жал умираат. Затоа е потреба одговорност, не само кривична, туку и политичка. И затоа ако има барем малку човечност кај луѓето во владата треба веднаш да си поднесaт неотповиклива оставка и да може да излеземе пред граѓаните на брзи парламентарни избори. Тоа е она коешто најмалку треба да го поднесат. Не само кривична, туку и политичка одговорност„ порача лидерот на Вмро-Дпмне, Христијан Мицкоски.


На барањето на Ковачевски, случајот Онкологија да не се генерализира и политизира, и пораката, дека ќе има одговорност за сите виновници, Мицкоски со прашање до премиерот – зошто системот со кој требало да се следат лековите бил ставен во подрум.
  „Ковачевски треба да одговори зошто системот со кои што се следеле лековите, не функционира. Кој е тој што наредил наместо тој систем да биде функционален, да биде ставен во подрум и зошто оние кои што ќе платат добиваат соодветен медицински третман, а оние кои што не  можат да платат се оставени на милост и немилост во тешка мака да умираат. Има многу прашања и одговори и верувајте наскоро од денеска ќе ги добиеме тие одговори како идна влада предвоедена од Вмро-Дпмне и коалицијата„ рече Мицкоски.
  Денеска од Виница Мицкоски му порача на Ковачевски дека додека тој бара да не се политизира целиот случај, директорите на Клиниката што тие ги имат поставено  се фотографирани во партиските штабови.

Александра Ристеска