Не сакаат ниту да го слушнат зборот референдум: Ковачевски и Пендаровски со страв од граѓаните?

Референдум- збор кој по се изгледа предизвикува страв кај власта. Не сакаат да го слушнат ниту премиерот, ниту претседателот. Димитар Ковачевски во повеќе наврати повтори дека Владата и неговата СДСМ нема да поддржат изјаснување на граѓаните за францускиот предлог, па дури и порача дека тоа ќе било ирелевантно. Реториката која власта ја тера е како да не постои документот на Макрон, па единствено прашање требало да се дали сме за или против членството во ЕУ.

-Македонија ги почна преговорите и тоа ги почнавме со чист македонски јазик, со заштитен идентитет, напишано на хартија и потврдено од претставници на Европската комисија. Оваа држава од денот на одржувањето на првата меѓувладина конференција, го започна патот кон зачленување во ЕУ. Од тој пат нема ниту назад, нема ниту лево, а уште помалку има десно кон Исток, така што сосема е нерелевантно барањето на ВМРО-ДПМНЕ за некаков референдум кој треба да биде против зачленување во ЕУ, изјави Ковачевски.

На Ковачевски ставот барем е јасен, не е променлив како на Стево Пендаровски. Македонскиот претседател прво предложуваше и можно референдумско прашање.

-Колку што разбирам, прашањето нема да биде за уставните промени, туку ќе биде за билатералниот договор со Бугарија и зошто тој влегува внатре. Ако некој не разбира дека овој билатерален договор, а и со Грција, се оската по која ние продолжуваме кон Европа, и сака тоа да го нема, почесно е референдумското прашање да гласи: „Дали сакате да одите во ЕУ под вакви услови?“. Без спомнување договори, точки … Опозицијата треба да излезе со чесна формулација и ако е такво прашањето, сите партии треба да излезат на референдум, а не да бојкотираат, порача Пендаровски.

За сега со зборовите „ма какви“, да каже дека не поддржува, бидејќи било манипулација на опозицијата.

-Јас немам никакво разбирање за нивното барање за референдум. Станува збор за манипулација која Мицкоски ја направи… Ма какви… Глејте, за каков референдум…. Тоа се сосема друго прашање, изјави Пендаровски.

Во моментов траат колнсултациите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ со експертите околу тоа како ќе биде формулирано референдумското прашање за францускиот предлог.

Матеја Петровски