});

Не плаќале струја и преместувале кабли, страдаат други села

Во 16ти век ли живееме, немавме струја на температура од 37 степени, освен што немаме струја па немаме ни вода, вака селаните од Раштак и Љуботен ја опишуваат голготата која ја минале во последните 27 часа.  Мештаните на овие села го обвинуваат ЕВН дека намерно им ја исклучува струјата, бидејќи соседните села не ги плаќале сметките, па тие се само колатерална штета иако навремено си ги подмирувале долговите.

Ова не е прв пат во овие села, електрична енергија да нема повеќе од 24 часа, пред само речиси еден месец, според изјавите на селаните, струја немало 36 часа, а со тоа немало ни вода бидејќи се снабдуваат од пумпи и хидрофори кои не можат да работат без струја.

Мештаните велат дека реагирале до ЕВН за ваквите чести прекини во снабдувањето со електрична енергија, но од таму секога го добивале истиот одговор, дека има дефект и дека се работи на случајот. Селаните велат дека претрпуваат штети со немањето на струја, им се расипува храната, домакинските апарати, а дечињата во овие топли денови се оставени без вода.

На собирот во овие села беше присутен и градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски, кој истакна дека ќе се заангажирал да се реши овој проблем, иако проблемот не е од вчера.

За кој е проблемот за снабудвањето со електрична енергија во селата и дали се вистинити обвинувањата на мешатните на Раштак и Љуботен, телевизија Алфа побара одговор од ЕВН кој одговорија дека поради невремето кое вчера го зафатило регионот на Скопје, без напојување останале дел од селата Љуботен, Љубанци и Раштак.

По констатирање на дефектот екипите на ЕВН Електродистрибуција веднаш излегоа на терен за санација на истиот меѓутоа наидоа на потешкотии поради детектирање на тешки манипулации направени последниот месец во мрежата, поконкретно нелегално и самоволно префрлување на кабли од среден и низок напон од страна на одредени корисници.ЕВН Македонија веќе презема правни мерки против корисниците кои вршеле нелегални активности во мрежата на овој регион, се наведува во реакцијата на ЕВН.

Селаните предупредуваат дека доколку не се реши овој проблем со кој се соочуваат, ќе излезат на масовни протести и ќе блокираат патишта, а воедна апелираа до ЕВН повеќе да не ги доведува до вакви нехумани ситуации.

 

Мери Ѓорѓиевска