„Не за бугаризацијата на Македонија“ порака од блокада во Штип

Францускиот предлог е понижувачки и не смее да се прифати. Власта го крие , па затоа народот вели едно големо „Не„-порачаа граѓаните кои денеска со возила  еден час го блокираа регионалниот пат Штип-Велес, кај селото Сарамзалино. Освен симпатизери на Вмро-Дпмне ,и Левица , својот револт го искажаа и  граѓани од источниот и вардарскиот регион кои самоницијативно се приклучија на денешнaта блокада..

Преговарачката рамка е само обид да се направи директно мешање во внатрешните работи на Македонија , што ќе предизвика менување не само на Уставот, туку и на целиот наш идентитет, порача пратеникот и потпреседател на ВМРО-ДПМНЕ, Владо МИсајловски, посочувајќи дека топката сега сакат да се префрли во Парламентот.

  • Овде нема партии, овде нема поделености. Овде има само еден македонски народ кој што се бори за своите правдини. Со овој предлог сакаат да се направи една асимилација, едно непочитување кон македонскиот  народ. Ние сме тука сите заедно да кажеме НЕ, НЕ и НЕ. Но, сакам да порачам дека Парламентот не одлучува во овој момент апсолутно ништо. Ова е една парада, еден театар за да направат чек листа од владата дека навидум има некакви консултации во Собранието– истакна Мисајловски.

За време на блокадата се пропушта само болнички возила, како и граѓани на кои им беше потребна лекарска помош. 

Александра Ристевска

Поврзани вести