});

Не запира трендот на иселување на младите од државата

Македонците масовно се иселуваат од државата, рапидно расте бројот на млади кои ја напуштаат родната грутка, а во потрага по подобар живот повеќе не ги бираат како некогаш прекуокеанските земји, туку европските. Од Агенцијата за иселеништво немаат точни податоци за бројот на иселени, но велат нагло расте нивниот број. Она со што располагаат се податоци кои се базирани на внатрешните пописи од дражавите во кои македонците се иселиле,но се доволни за илустрација. Во Германија на пример живеат над 100.000 македонци, а во Италија 77.000.

Оние кои што заминале, не можеме да ги натераме да се вратат – вели Шалваринов, единствено можеме да се обидеме да ја намалиме таа асимилација, да се поистоветуваат како лица кои што дошле од Македонија.

Ќе успее ли државата со буквари, сликовници и прирачници кои министерството за образование ги подготвува за иселениците да ја спречи асимилацијата, а децата да го зачуваат идентитетот, јазикот и културата? Оние кои долги години живеат далеку од Македонија, ги прашавме како е да се биде иселеник и дали е тешко да се брани македонштината надвор од границите на нашата земја?

Македонија е една од земјите не само во регионот, туку и во Европа која e типично иселеничка земја.

Росица Голабоска