Не запираат реакциите по посетата на Курти – Вучиќ: таму беше промовирана идејата за Голема Албанија
Наместо да се извини зошто среде Тетово се вееше знамето на голема Албанија, Билал Касами си објави промотивен видео спот од посетата на Курти.
Реакциите и осудите не запираат по посетата на косовскиот премиер, кој во Македонија дојде за преименување на улица во скопски Чаир и на концерт во Тетово. Конечно се огласи и македонскиот државен врв. Претседателот Пандаровски бара да се преиспира одлуката за преименувањето на улицата во Чаир, а за веењето на знамето на Голема Албанија вината ја лоцира кај организаторите за кои смета дека треба да одговараат.
“Организаторите на јавните собири во Тетово и во Чаир мора да бидат законски санкционирани за кршењето на законските одредби во однос на употребата на државното знаме и химна и знамињата и симболите на заедниците, со целосно игнорирање на симболите на државата. Во таа насока ги повикувам надлежните органи во најкус можен рок да ги завршат пропишаните постапки” – велат од кабинетот на Пендаровски.
Премиерот Ковачевски пак смета дека општина Чаир можела да си изгради нова улица, а од неговиот кабинет информираат дека контактирале и со кабинетот на Курти.
„Кабинетот на премиерот смета дека истакнувањето знамиња кои не се државните е спротивно на протоколите и законите за организирање настани во присуство на државници од странски земји. Воедно, видот на иконографија забележан на настанот во присуство на висок претставник на странска држава е несоодветно и недозволиво во земја членка на ООН и земја членка на НАТО и во таа насока ве информираме дека СВР Тетово презема мерки за идентификување на сторителите и целосно расчистување на случајот” – велат кабинетот на премиерот.
Реакција стигна и од соседна Србија. Вучиќ смета дека во Тетово е промовирана идејата за Голема Албанија.
„Она што се случи во Македонија е скандал над скандалите. Таму беше промовирана идејата за „голема Албанија“, беа истакнати нејзините симболи, а Курти беше претставен како премиер на сите Албанци и премиер на Тетово. , меѓу другото“, истакна Вучиќ на ТВ Пинк.
По дав дена откако Курти во Макеоднија од опозицискиот албански блок беше дочекан како звезда, а воедно со албанска химна, знаме на Голема Албанија и говори само на лбански јазик, властите се разбудија, а надлежните се уште не реагираат. Единствено тетовската полиција најави дека ќе го бара вејачот на знамето.