Не запираат реакциите по посетата на Курти-Вучиќ таму беше промовирана идејата за Голема Албанија

Наместо да се извини зошто среде Тетово се вееше знамето на голема Албанија, Билал Касами си објави промотивен видео спот од посетата на Курти.

Претседателот на новоформираната партија,  Демократско движење Изет Меџити, кој присуствуваше на преименувањето на улицата во скопски Чаир и на настанот во Тетово сметa дека се си било легално и никоj не треба да одговара.

Но, реакциите и осудите  не запираат по посетата на косовскиот премиер, кој во Македонија дојде за преименување на улица во скопски Чаир и на концерт во Тетово. Конечно се огласи и македонскиот државен врв.

Инспекција во Чаир и казни за организаторите на дочекот на Курти, побара претседателот Пендаровски.

Начинот на реализација на идејата за преименувањето на улицата во општината Чаир е во спротивност со принципот на демократска дебата и почитување на историското наследство на сите заедници во државата. Во таа смисла, очекувам надлежните инспекциски служби да проверат дали при носењето на одлуката е почитуван принципот на двојно мнозинство, кој треба да ги вклучува и гласовите на заедниците кои не се во мнозинство во таа општина“.

Пендаровски, како претседател докажа дека има тотално непознавање од законите, нормите и надлежностите во државата, РЕАГИРА ОПОЗИЦИСКАТА ВМРО-ДПМНЕ. ПРАШУВААТ  Каква инспекција бара Пендаровски во општина Чаир, кога општината нема никаква надлежност, туку таа надлежност ја има Градот, како и централната власт.

Лидерот на партијата Мицкоски во меѓувреме објави и документи од седници на град Скопје од 2021ва кога била разгледувана листата со имиња на улици.

Владата на ДУИ и СДСМ  на две седници ја разгледува листата за имиња на улици, плоштади… доставена од град Скопје под водство на СДСМ.
На 50 седница, одржана на 02.03.2021 година дава согласност. Точка 9 од записникот… ИНТЕРЕСНО: Димитар Ковачевски е присутен на таа седница како заменикминистер за финансии , Фатмир Бесими е отсутен (значи дека Ковачевски гласал). На 51 седница, одржана на 09.03.2021 дава целосна согласност на Листата од град Скопје Точка 105 од записникот.
Шупливи ви се тезите“, порача Мицкоски.

Претходно и од Кабинетот на Ковачевски се јавија со став.

„Кабинетот на премиерот смета дека истакнувањето знамиња кои не се државните е спротивно на протоколите и законите за организирање настани во присуство на државници од странски земји. Воедно, видот на иконографија забележан на настанот во присуство на висок претставник на странска држава е несоодветно и недозволиво во земја членка на ООН и земја членка на НАТО и во таа насока ве информираме дека СВР Тетово презема мерки за идентификување на сторителите и целосно расчистување на случајот. 

Реакција стигна и од соседна Србија

„Она што се случи во Македонија е скандал над скандалите. Таму беше промовирана идејата за „голема Албанија“, беа истакнати нејзините симболи, а Курти беше претставен како премиер на сите Албанци и премиер на Тетово. , меѓу другото“, истакна Вучиќ на ТВ Пинк.

По два дена откако Курти во Макеоднија од опозицискиот албански блок беше дочекан како звезда, а воедно со албанска химна, знаме на Голема Албанија и говори само на лбански јазик, властите се разбудија, а надлежните се уште не реагираат. Единствено тетовската полиција најави дека ќе го бара вејачот на знамето.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста