„Ничии деца“ победиле на конкурсот за контролори, синдикатот бара промена на одлуката, М-НАВ демантира

Хаос во М-НАВ. Заменици на директори, началници, инструктори, експерти, раководители на сектори, вкупно 12 на број си поднеле оставки од надзорните комисии во кои биле назначени.  Незадоволни се од одлуките на тројцата директори да го одложат испраќањето на школување во Данска, на нови контролори на летање, кои веќе ги поминале сите филтри. Фахрудин Хамиди, Миѓан Селмани и Влатко Крстевски директори и членови во Управниот одбор, сакале да го поништат огласот за контролори на летање, зашто од 270 пријавени, положиле само 8 кандидати, меѓу кои не се нивните, а ни пријавените деца на функционери од ДУИ.  

Синдикатот гневен, оставките за надзор во процесот, велат ќе ги повлечат само ако осумтемина избрани преку задолжителната и неопходна обука, бидат испратени на натамошно обучување во Данска.

  • Луѓето што не ја поминаа оваа селекција се покажа дека не се луѓе за оваа задача. Имаше и ситуации каде и деца на наши контролори на летање кои се активни сега конкурираа на овој конкурс, не беа примени, не поминаа и нашите контролори не застанаа на тоа дека треба да се поништи бидејќи самите се свесни дека не сака своето дете кое не заслужува во овој случај да го стави утре во оган.изјави– Александар Тасевски – Синдикат на контролори на летање“.

Синдикатот дециден, нема етнички причини во нивниот револт, бидејќи  меѓу најдобрите 8, се и тројца момчиња од албанската етничка заедница, едни од највисокорангираните и по поени и по тестови.Обвинуваат дека на директорите главната работа им било постојаното мешање во изборот на кандидатите.

М-НАВ демантира. Не биле точни тврдењата и шпекулациите на Синдикатот дека они како институција не им верувале на Данските експерти, напротив велат имало одлична соработка. Тврдат дека процесот се одвивал нормално, согласно акциониот план и очекуваат да биде завршен во предвидениот рок.

Конкурсот на М-НАВ  за прием на 8 нови контролори на летање бил распишан пред два месеца, а истекува за 10-тина дена. На него, се јавиле 270 кандидати и првото ниво на тестот кој го спроведува данска компанија која го добила тендерот од М-НАВ, го поминале 140 кандидати, но директорите побарале листата да се прошири со уште 26 кандидати и наместо 140 да изнесува 166 лица.

Викторија Миткова

Advertisements