Неуромедика доби две награди на Balkan Medical Awards 2022

30 годишното искуство на болницата Неуромедика како висококвалитетна медицинска
установа го потврдија и членовите на жирито на “Balkan Medical Awards” кои одлучија
оваа година да им доделат две награди “Болница на годината 2022’’ и “Најдобар менаџер
за 2022”.
На свечениот настан “Balkan Medical Awards” кој се одржи на 17. јуни во Пловдив, во
хотелот “Санкт Петерзбург”, наградите ги прими сопственикот и Генерален менаџер на
Неуромедика Д-р Емил Угриновски кој им се заблагодари на организаторите и членовите
на жирито за укажаната доверба.
“Особено сум горд и среќен на овие награди за Неуромедика. Наградата за Неуромедика за
најдобра болница доаѓа во многу важен период за нас кога одбележуваме јубилеј 30 години
постоење. Да се основа и да се развива прв приватен здравствен бренд во Р. Македонија не
беше лесно. Да се опстои 30 години на врвот во македонското и регионалното здравство е
резултат само на посветено и континуирано инвестирање во нашите капацитети, во
напредна медицинска апаратура и секако, можеби и најважно, ангажирање на најдобрите
доктори и медицински кадар. Наградата за “Најдобар менаџер” што ја добив би сакал да ја
посветам на моите вработени и на моето семејство кои неизмерно ме поддржуваат и ме
прават да бидам успешен во она што го работам. Успешен менаџер се станува само ако сте
опкружени со вреден и квалитетен тим на луѓе, а ние во Неуромедика го имаме баш тоа.” –
истакна Д-р Емил Угриновски.
Добивањето на овие награди за Неуромедика е директен индикатор за нивното високо
ниво на квалитет кое е постигнато низ посветеност и грижа за здравјето на пациентите во
државата и регионот. 30 години Неуромедика работи на тоа поле, да се пружа современо
и пристапно здравство за секого со напредна медицинска апаратура и еминентни лекари
кои се експерти во своите области.
Болница Неуромедика е првиот приватен здравствен бренд во Р. Македонија и е позната
по современиот пристап и напредната здравствена заштита за пациентите. Во изминативе
30 години значително ги подигнаа критериумите на здравството во државата преку
континуирано инвестирање во медицинска апаратура и капацитетите. Нивната болница
во центарот на Скопје е изградена по најмодерните светски болнички стандарди, а
условите за грижа за пациентите се на највиско ниво.