Несреќа кај Ласкарци: Приведени шоферот на автобусот и сопственикот на Дурмо Турс

Еден месец по автобуската несреќа од 13 февруари кај Ласкарци полицијата приведе шест лица, меѓу кои и сопственикот на компанијата и шоферот на автобусот кој доживеа страшна несреќа, пренесува Алсат-М.

Во несреќата загинаа 15 лица, а десетина беа повредени. Приведени се вкупно шест лица.

Несреќата се случи откако од засега неразјаснети причини, автобусот ја пробил заштитната ограда, излетал од патот и се превртел.

Сопственикот на Дурмо-Турс кратко по несреќата како можна причина за истата го посочи наводното кратко губење свест на шоферот на автобусот.

Наскоро се очекуваат повеќе детали од страна на Јавното обвинителство.