Несреќа во Србија: воз преполови автобус, има загинати и повредени

Пет лица загинаа, а над 30 се повредени во судар на воз и аутобус на одбележан железнички премин, но без рампа, кај Ниш.
Автобусот превезувал деца во средно училиште. Од силниот удар возот го преполовил автобусот, повредените се префрлени во Клиничкиот центар во Ниш каде лекарите се борат за животот на повеќе од 10 лица кои се во тешка состојба. Сите повредени биле во автобус, а никој од 10-те патници од возот не се повредени.

На лице место загинале двајца возрасни и едно дете, во болница починале уште две лица. Несреќата се случила кога патнички воз, кој во 7:14 часот тргнал од железничката станица Ниш кон Прокупље, при излез од железничката станица Меѓурово удрил во патнички автобус.

Компанијата „Инфраструктура на железницата на Србија“ соопшти дека несреќата се случила на патен премин кој е обезбеден со знаци за вертикална патна сигнализација но немало рампа.
Мештаните од селото велат ова не е прв пат да се случи несреќа, и веќе со години наназад бараат железничкиот премин да се направи како што треба.