Несигурноста околу брегзитот ја погоди рибната индустрија

Брегзитот се заканува да ја погоди и индустријата на риби бидејќи најголемиот дел од производството се извезува во други земји од Европската Унија, а голем број од работниците исто така доаѓаат од земји членки на унијата.

„Најголемиот дел од нашето производство оди во Франција, Шпанија и Португалија“, вели Фиона Мекфарлан, вработена во компанија за извоз на морски плодови. „Значи, огромен дел од нашиот бизнис е со овие земји. И сите наши работници доаѓаат од Романија и Бугарија, така што целава оваа работа со брегзит ќе има огромно влијание врз нашата компанија.“

Ваквите компании исто така стравуваат и дека брегзитот без договор ќе ги зголеми трошоците за извоз, како и дека ќе доведе до проблеми со транспортот како резултат на зголемениот број царински проверки, документација и потребни сертификати.

Тие повикуваат на што побрзо решавање на ситуацијата. Работниците во овие компании, исто така, се надеваат дека откако Бритнаија ќе излезе од ЕУ тие ќе можат да ги задржат своите работни места.