Непријателство и нетрпеливост, наместо пријателство и добрососедство- што ни донесе договорот со Бугарија?

-Го трасиравме патот на пријателството, добрососедството и соработката меѓу нашите две земји, изјави тогашниот премиер по потпишувањето на договорот со Бугарија.

Наместо пријателство и добрососедство, непријателство и нетрпеливост меѓу Македонците и Бугарите. Потписот на овој договор за Македонија отвори проблеми кои претходно ги немаше. Поради потписите на Заев и Борисов наместо ветената европска и светла иднина, добивме европски блокади и секојдневни бугарски навреди, непризнавање на македонскиот јазик и идентитет, секојдневни обиди за присвојување на македонската историја, повредени чувства на сите Македонци.

-Заев, почитувани, колку и да се вртиш Македонија е бугарска, порача Џамбаски.

Најновата серија провокации од Бугарија доаѓа со отворањето на бугарските културни клубови именувани по соработници на фашистичкиот режим. Еден од нив беше и оној именуван по Ванчо Михајлов, докажан сорабтник на нацистите и нарачател на убиства на бројни македонски дејци за слобода на земјата. На неговото отворање присуствуваше ни помалку ни повеќе тогашниот бугарски премиер Кирил Петков.

Понижувањето и навредувањето на се што е македонско стана секојдневие за бугарските политички чиновници, но сепак не беше доволно за пожестока реакција на македонските власти, па дури и со францускиот предлог беше прифатено сите бугарски барања да бидат дел од преговарачката рамка на Македонија со ЕУ. И покрај се прифатено, еден од најсвежите примери на бугарските провокации е потпишувањето на протоколот во Софија, кој дел од предлогот на Макрон. Тогаш Теодора Генчовска од позиција шеф на бугарската дипломатија, јасно ни стави до знаење дека тие не го признаваат македонскиот јазик.

-Бугарија не отстапува во однос на ставот за официјалниот јазик на Република Северна Македонија. Целосно ја почитуваме одлуката на Народното собрание, според која Бугарија не го признава овој јазик, ни порача Генчовска.

Бугарските политичари не се срамеа да ги истакнуваат и територијалните претензии кон Македонија. Европратеникот Ангел Џамбаски ни кажа дека македонскиот бисер Охрид, бил бугарски град.

-Колку повеќе лажете толку повеќе вистината ќе сјае. Колку похистерично ја мразите Софија, толку побугарски ви станува Охрид. Колку посилно ги кажувате вашите лаги, толку побрз и поужасен ќе биде вашиот крај. Заев, почитувани, колку и да се вртиш, Македонија е бугарска. И колку и да се вртиш Албанија ви е од запад, ни порача Џамбаски.

Сопартиецот на Џамбаски, екс лидерот на ВМРО-БНД беше еден од оние кои најчесто ни порачуваа дека сме биле едно со Бугарите, дека не постојат Македонци, не постои македонски јазик, а често знаеше да се претвори и во професор по историја.

Секој нормален човек кој што прочитал повеќе од пет страници историја поврзана со Македонија, знае дека таква идентичност одделно македонска, одделно од бугарската нема пред 44-та година, изјави Каракачанов.

Но, не провоцираа само политичарите, малку чудно но провокации со политичка реторика ни дојдоа од претставници на бугарскиот спорт.

0Мене ми е чудно како може да ја исвиркуваш химната на баба ти и дедо ти?, праша Станислав Ангелов, поранешен бугарски фудбалски репрезентативец.

-Северна Македонија, која е таа Северна Македонија, кога станаа држава?, праша Венцислав Стефанов, претседателот на фудбалскиот клуб Славија Софија.

Провокации се испраќаа и при делење на бугарските книги, потенцирајќи дека биле книги од бугарските браќа Миладиновци

-Сите книги ќе бидат дадени на 920 луѓе, 920 книги бугарски народни песни од Браќа Миладинови, .

Дека Македонија е бугарска ни порачаа и обичните бугарски граѓани.

-Македонија е бугарска, повикуваа граѓаните.

Бугарските провокации кон македонскиот народ за жал веќе не се вест, туку обично секојдневие кое ги навредува чувствата на сите Македонци. Проблематично е што за сите овие навреди глуви се властите во Скопје.

Матеја Петровски

Advertisements

Поврзани вести