Непречено искуство во гледањето содржини: Зад екранот на Галакси С10

Пред речиси десет години, компанијата Самсунг Електроникс за првпат воведе АМОЛЕД екран во продуктите од серијата Галакси С. По речиси десет години, на еволуцијата ú нема крај! АМОЛЕД екранот на Галакси С10 дава кристално јасен квалитет на сликата, а неговата големина е за 1,5 пати поголема од првиот.

Благодарение на развивањето на идеи и технолошките откритија, Галакси С10 серијата на уреди нуди екран со брилијантен, реалистичен квалитет на фотографија кој истовремено е пријатен за очите на корисникот.

Тимот на Самсунг секогаш се води од философијата дека корисникот е најважен. Токму затоа овозможувањето на практични решенија за екранот и создавање на нови искуства е јадрото на нивната работа. Како резултат на сето тоа, екранот на серијата уреди Галакси С10 е фокусиран на создавањето на бенефити за корисникот.

Една од клучните иновации е “Infinity – 0“ екран кој го покрива отворот за камера, односно целата предна страна на уредот. За беспрекорно интегрирање на предната камера, без да пречи на квалитетот на екранот, направено е мало и прецизно дупче во екранот со употреба на деликатна ласерска технологија за сечење.  Заедно со динамичната АМОЛЕД технологија, квалитетот на сликата е на едно ново, високо ниво.

Преку внимателно избрана технологија која ќе ја намали штетноста за очите на корисниците од премногу долго користење на уредот, како и најнова технологија која го редуцира синото светло, уредот може да се користи непречено и без уништување на квалитетот на сликата.

Клучот за брилијантен реализам на динамичниот АМОЛЕД екран на Галакси С10 серијата е неговиот подобрен приказ на боите. Во споредба со претходните Галакси телефони, Галакси С10 линијата е извонредна и се издвојува од другите по широкиот спектар на бои. Односно, единицата за мерење на разликите во боја (Just Noticeable Color Difference “JCND“) на “DisplayMate“ за Галакси С10 е 0.4 “JNCD“ (колку  што е пониска вредноста, толку пореален е процесот на рендерирање на бои), споредбено со Галакси Ноут 9 (Galaxy Note9) – 0.5 и Галакси С9 (Galaxy S9) – 0.7. Овој процес на доведување на сликата до совршенство потекнува од тимот на Самсунг кој воочи дека луѓето ги перципираат боите различно во зависност од местото каде што се, годините како и полот. Токму на овој начин произлегоа два режими на уредот: “Natural Mode“ со потопли тонови на бои и “Vivid Mode“ со акцент на сините тонови. Покрај можноста да рендерира повеќе од 16 милиони бои, динамичниот АМОЛЕД екран на Галакси С10 серијата на уреди исто така поддржува “HD“, овозможувајќи му на корисникот висок квалитет на сликата. Воедно, Галакси С10 претставува првиот во свет смартфон со екран кој поддржува HDR10+. Слично како што зениците во нашите очи се шират и менуваат во зависност од количината на светлина околу нас, екранот на Галакси С10 има “Dynamic Tone Mapping“ технологија која го прилагодува и оптимизира квалитетот на сликата во согласност со темниот или светлиот контраст. Екранот кај Галакси С10 серијата на уреди исто така доби сертификат за реалистичното рендерирање на сликата и со тоа претставува првиот “паметен“ телефон кој го добива овој сертификат.  Компанијата Самсунг работеше на изработка на екран со неверојатен квалитет на слика кој ќе одговара на корисникот, на неговите потреби и на неговата желба да доживее поинакво ниво на искуство. Внимателно одбраните технологии кои само го подобруваат користењето на уредот допринесоа за создавање врвен уред во кој сите ќе се вљубат уште на прв поглед!