НАЈНОВИ ВЕСТИ

Непочитување на препораките – газди принудувале градежните работници да работат на +40

Штипското здружение„ Гласен текстилец„ ги доби првите пријави од работници кои биле приморани да работат во вонредни услови  на изгор високите температури. Најголем дел од пријавите се од градежни и текстилни работници од Скопје, Штип и Свети Николе.  Се пожалиле дека работодавачи не ги почитуват мерките за забрана за работа на отворено од 11 до 17часот, а добар дел од автобусите со кои се превезуваат на работа се неклиматизирани.  

 „Автобусите се неклиматизирани, а одговорноста на работодавачите е до работното место и од работното место до дома. Жал ми е што сообраќајната полиција не е повеќе присутна н терен за да види дека има претовар и дека безбедноста е мисловна именка во однос на организираниот превоз на работниците„ изјави Кристина Ампева, од Здружението Гласен текстилец во Штип.

Од Државниот трудов инспекторат алармираат до работодавачите, бремените жени и лицата постари од 60години да си останат дома.

  „Без разлика дали се работи за дејности од текстилната индустрија или други дејности, генерално забраната за бремените жени мора да се почитува. Во моментот фокусот е ставен повеќе на градежната дејност, затоа што ризикот во услови на топлотен бран кога се работи на отворено е многу повисок за тие работни места, изјави Весна Томовска, директорка на Државниот трудов инспекторат.

 Гласен текстилец од Општина Штип веќе добиле најава дека во текот на денот општински сообраќаен инспектор ќе излезе на терен и заедно со сообраќајната полиција ќе спроведат акција за видат во какви аввтобуси се превезуваат штипските работници. 

Александра Ристевска