Неопходна е промена на моделот за субвенционирање на тур операторите

Во периодoт од 2011-та година па навака за субенционирање на тур оператори потрошени се околу 8 милиони евра, а само лани од пристигнатите туристи Македонија остварила приходи од 300 милиони евра. Од нив, најмалку 50 милиони евра се уплатени на сметката на буџетот на државата – покажаа анализите на факултетот за туризам. Но и покрај тоа што субвенционирањето дава добри резултати, мора да се промени моделот на субвенционирање, велат охридските туризмолози. Појаснуваат дека дел од пазарите се веќе заситени, некои пак не можат да го користат субвенциорање како мерка бидејќи сега се субвенционираат тур оператори кои носат туристи со најмалку 3 ноќевања, што за одредени држави е проблем бидејќи не остваруваат толкав број ноќевања.

Германија е само една од државите кои имаат голем потенцијал за привлекување на туристи, а кои Македонија не успева да ги привлече. Веројатно ,вели Андреески треба да се направат конекции со тур оператори од овој регион. Порано имавме наши економски промотори кои ги промовираа можностите на Македонија, што и тоа како даваше резултати – додава тој.

Факултетот за туризам направи споредба на субвенциите што се даваат во Македонија и Србија како две земји кои што немаат излез на море, а имаат слична понуда на туристички производи. Кај нас се субвенционираат тур операторите, а во Србија се субвенционираат угостители, компании кои одржуваат хигиена, компании кои се грижат за холтикултирно уредување, инвеститање во туристичките капацитети и други пропратни елементи кои што може да стимулираат развој на туризмот – дециден е Андреески. Тоа е модел кој треба да го применува и Македонија.

Росица Голабоска