Ненормално високите сметки за струја, сериозно удираат врз рентабилното работење на јавните претпријатија

  • Ненормално високите сметки за струја, сериозно удираат врз рентабилното работење на јавните претпријатија

За дури пет до седум пати повисоките сметки за струја, секојдневно се’ повеќе ги носат во пропаст јавните комунални претпријатија. Наследените огромни долгови, превработеноста, но и невидената незаинтересираност на државата да ги помогне, си го земаат својот данок, вели директорот на прилепското ЈКП „Водовод и канализација’, Игор Гулабоски.

„Цената на електричната енергија од јануари до октомври 2021 г. по киловат-час изнесувала 3,16 ден. А додека цената за месец јули 2022 г. по киловат е веќе 26,038 ден. Тоа значи дека потрошената енергија за 10-ти месец во 2021 г. била 1.000.000 денари, а додека фактурата за месец јули 2022 пристигна во фантастичен износ од 5.550.000 ден. Августовската ја очекуваме околу 7.000.000 денари“, – посочува Игор Гулабоски, директор на ЈКП „Водовод и канализација“, Прилеп.

„Не може државата кон едни да се однесува како мајка, а кон други како маќеа. Ако може финансиски да ги помага ЕСМ, МЕПСО и ЕВН, зошто соодветно не не’ помага и нас“, прашува Гулабоски и додава дека законодавецот доега целосно ги игнорирал во нивните обиди сами да си произведуваат струја со поставување на пример, на фотоволтаици за нивни лични потреби. Тој смета дека државата свесно ги кочи и од сите страни финансиски ги притиска локалните јавни претпријатија со крајна цел, за ситни политички поени, да се намалат или прекинат услугите кон граѓаните и да се создаде револт. 

Речиси иста е состојбата и во ЈКП „Комуналец“. И таму, новите сметки за струја се енромно високи. Оттаму, најголемата вина за ваквата безизлезна состојба ја гледаат во Владата.

Четири и пол пати повеќе плаќаме отколку претходно. Се најавува ново зголемување, значи очекуваме уште поголеми трошоци.(4 м.50сек.) Ќе бараме преку Здружението АТКОМ да субвенционира Владата, електричната енергија да оди по цена како за домаќинствата, оти сите претпријатија доведени се во тешка состојба“, – ни рече Рубин Абрашоски, директор на ЈКП „Комуналец“, Прилеп.

Инаку, и двете комунални претпријатија се соочуваат и со сериозни наследени финансиски дупки кои сега тековно се пополнувале, иако, заради се’ поголемото иселување на граѓаните, значително намалени им биле и приходите, во просек за околку 1.000 домаќинства.

Каролина Дурло