Нема улица во Тетово која не е раскопана, градоначалникот уверува, веќе се работи

Многу улици и тротоари во Тетово се полни со дупки па граѓаните редовно се мачат движејќи се со возилата кои често знаат и да се оштетат поради тоа.  Најтешко е при дождливо време кога се полни со вода па речиси неизбежно е удирањето на возилата и кршењето на некои делови.

Ова е улицата „Љубо Божиновски-Пиш“ една од оние кои се во полоша состојба, а интересно е сведоштвото на овдешните жители дека вака е со децении. Односно од кога е изградена улицата никогаш не било интервенирано барем да се пополнат, а камоли да се смени целиот асфалт.

Дупките остануваат иако локалната власт многу пати се сменила, порачуваат жителите на Тетово.

Анкета:
„Улицава наша е значи од 50 години, сум тука од кога сум дојден тука никогаш не е поправена“.  
„Нашиот град е катастрофален, на сите улици, не само на оваа, ама оваа е изгледа преоптоварена и уништена.“
„Цело Тетово е ископано е, асфалти не постојат, дупка до дупка е
..“

Градоначалникот Биљал Касами по преземањето на власта во ноември спроведе итни мерки на неколку улици, па најави дека оваа пролет интензивно ќе продолжи реконструирањето на оштетените улици кои ги наследи по двата мандати од претходната градоначалничка.

Сме во фаза да се избере компанија која ќе реализира и пополнување на дупките и репарирање на асфалтот. Ние работиме не сме застанале, во овој момент кога разговараме веќе сме во фаза на реновирање на репарирање на една таква улица. Во текот на годината ќе продолжуваат по интензитет кога ќе ја избереме компанијата која ќе ги продолжи работите рече Биљал Касами-градоначалник на Тетово.

Неделава започна и најавеното пробивање на булеварот „Благоја Тоска“ што претходната власт го започна минатата година. Оваа е една од главните идеи како да се подобри сообраќајниот проток во градот.

Динамиката која е предвидена е во пократок можен рок, до есента овие работи да бидат завршени и конечно овој булевар да биде отворен за сите граѓани на Тетово рече Биљал Касами-градоначалник на Тетово.

Поради големи оштетувања целосна реконструкција се прави и на важна сообраќајница- улицата „Страшо Пинџур“ која од плоштадот води во правец кон регионалниот пат од Тетово кон Јажинце.

Александар Самарџиев

Поврзани вести