Нема сериозна стратегија за развој на туризмот во Македонија

Во услови кога Македонија нема стратегија за развој на туризмот,од Агенцијата за промоција и поддршка на оваа стопанска гранка оптимистики,очекуваат државата да ја посетат милион и 200.000 гости.Тоа, велат од оваа владина институција е довоен мотив да е се довршела стратегијата за туризам што од своја страна ќе обезбеди поголем девизен прилив во државната каса,а до тогаш останува да виси прашањето на што се темалат вака силните очекувања за туристички бум ?

-На Македонија и е потребна мамутска стратегија, што би значело мамутска стратегија,каде Македонија треба да се погледне во наредните 20 години. Барем од моја гледна точка,повеќе од туристичките работници би требало да поставиме многу повеќе сегменти на алтернативните форми на туризам,се до онај момент до кога ќе одлучиме што понатаму стратегиски ќе работиме со Охрид но и со Македонија како туристичка дестинација, изјави Љупчо Јаневски, директор на Агенцијата за туризам.

Без национална стратегија,во туризмот лута и нашата туристичка мека Охрид. Факт е велат туристичките работници дека се зголемува интересот за Охрид како дестинација,а ривиерата последниве неколу години е се’ по посетена, но треба да се освојуваат нови пазари.Да доаѓаат странски туристи кои ќе го продолжат својот престој кај нас, а не како сега-не посетуваат на поминување како дел од балканските тури.Дополнуваат дека охридскиот аеродром не е доволно искоритен.

-Мора да имаме се повеќе авио летови во Охрид, не само овие до сега што ги имавме дестинации,туку главен туристички напад би требало да се очекува од Геманија.Тој е најголемиот пазар во Европа  со преку 80 милиони жители, изјави туристичкиот работник Љупчо Стојковски.

Од Агенцијата за за промоција и поддршка на турзмот кажаа дека работеле на поагресивна промоција на Македонија во Романија, Чешка, Словачка, Германија,како и во Хрватска и Словенија-пазари кои неоправдано биле заборавени. Додаваат дека покрај страниците требало да се најде начин да се провлече вниманието и на домашните гости да ги посетуваат нашите туристички центри.Не е секогаш цената пресудна,туристичката дестинација да продава понудата, атрактивните пакет аранжамни и содржини.