Нема поевтини основни прехрамбени производи – власта се фали, граѓаните се жалат

Поевтинување на основните прехрамбени производи има, ама само во розовите очила на власта. На терен – се е по старо. Граѓаните велат дека ниту лебот, ниту млекото, не бележат поевтинување. Она што го гледаат се и натаму високите цени на основните прехрамбени производи кои остануваат непроменети. Граѓаните се жалат дека не било фер Владата да се фали со нешто, што сите знаат дека нее така, и бараат од институциите да покажат сериозност.

  • Нема никакво поевтинување на производите. Еве сега купив леб, исто е се. Може да има на млекото еден денар, ама еден денар, па срамота, мислам дека ова нее фер да си играат со нас. Ни млеко, ни леб, ни ништо, се е како до сега, нема ништо од поевтинување, реагираат граѓани пред камерата на Алфа.

Дека нема никакво поевтинување забележа и камерата на Алфа. Направивме обиколка во дел од поголемите маркети, и на полиците немаше никакво поевтинување на основните производи, дури имаше и поскапување кај дел од млечните производи.

Млекото е околу 80 денари за литар, лебот и брашното се над 50 денари, а литар масло околу 115 денари.

Иако Владата се пофали дека имало поевтинување, тоа за жак нее така, реагираат граѓаните, во надеж дека наредниот период, можно е да има благо намалување на цените.

Според последните пресметки на државната статистика, ноемвриската инфлација се искачи на 19,5%. Лебот, млекото, сирењето и јајцата се поскапи за 40% за разлика од лани, а месото и маслото поскапеле за над 30%.

За да се закрпи еден месец, од Синдикатот пресмета дека на едно просечно семејство во ноември потребни му биле најмалку 850 евра. За разлика од лани истиот месец, синдикалната кошничка се полнела со 550 евра, што значи дека за само една година живеачката поскапела за над 50%.

Борис Грујоски

Advertisements