Нема поддршка за уставните измени – Талат Џафери ќе тактизира и ќе ги изигрува процедурите

Владејачкото мнозинство ќе тактизира со гласањето за уставните измени. Собранискиот спикер, Талат Џафери, на брифинг со новинарите посочи дека има можност изјаснувањето за отворање на највискиот правен акт да се одлага се додека не се обезбедат потребните 80 пратеници.

Сепак, расправата ќе започне на 18-ти август, а по исцрпувањето на истата, седницата веројатно  ќе биде на стенд бај. Според Џафери, ова не било ништо ново, и претходно имало таква пракса за останати закони.

  • Тоа го предвидува Деловникот, а го покажува и праксата претходно од слични иницијативи за уставни измени, затоа што Собранието одлучува доколку го има потребно мнозинство за одлучување. Во тие рамки, не можам да претпоставам што и како ќе се случува, но формално Собранието ќе почне со расправа на 18 август, а чинот на гласање дали ќе биде по завршување на расправата или ќе биде одложено, зависи од конкретната состојба на деновите во кои тече расправата, рече Џафери.

Дека нема да го има потребното мнозинство се покажа завчера во комисијата за уставни прашања каде со 10 гласа ЗА и 7 ПРОТИВ беше донесен заклучок со кој започна процедурата.

Сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ беа против, а пратеничката група цврсто порача дека промена на ставот нема да има, порачаа пленарната седница да се закаже уште веднаш за да се покаже дека дво третинско мнозинство нема.

Но, очигледно ниту во владејачкото мнозинство нема 100% поддршка. Досега тројца пратеници најавија дека нема да гласаат за промена на Уставот.

Алтернатива , Беса и Алијанса за Албанците поставија и свој услов – дека немаат да се избрише формулацијата 20%.

Доколку власта го прифати и ова, Владата во рок од 15 дена по гласање на потребата ќе треба да достави нацрт предлог за уставни измени, кажа Џафери .

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста