Нема нови услови од Бугарија зашто Софија со Францускиот предлог доби се што побара од Скопје

Бугарија нема да има нови барања, зашто македонските власти прифатија да ги исполнат сите желби на источниот сосед. Со Францускиот предлог но и двата протоколи, па и решенијата на Мешовитата историска комисија, Македонија се обрвза да исполни се што посака бугарскиот врв, а за возврат не добива ништо.

Па затоа сега, Министеството за надворешни работи на Бугарија ги потсетува македонските власти на што сè ставиле параф, а во спротивно порачуваат дека „неспроведувањето на потпишаните договори ја поткопува довербата, конзистентноста и предвидливоста во односите меѓу државите и предизвикува одмазда“.

Освен уставните измени, кои стојат исправено на евроинтеграцискиот пат, македонската влада се заложи промени во учебниците во основно и средно по историја и географија. Епилог од средбите на историските комисии е и заедничкото чествување на Светите браќа Кирил и Методиј, Свети Климент и Свети Наум и Цар Самоил. 

Препораките кои ги усвои мешовитата комисија предвидуваат дека  Цар Самоил  во историската наука бил  цар во Бугарското царство, а светите браќа Кирил и Методиј како и за светите Климент и Наум  го развивале нивното дело во тогашната бугарска држава  и постигнат е договор за нивно заедничко чествување, бидејќи не сме можеле да сметаме на ексклузивитетот дека тие биле само наши. 

Јавноста не знае дали и каков договор имало за Гоце Делчев и Цар Самоил и нивното претставување во учебниците по Историја, што беше тема на последните состаноци на историчарите.

Владата сега се сили со ваквиот став на Бугарија, дека нови барања на македонскиот европски пат ќе нема, но последното соопштение на бугарското МНР само потсети се што прифати за да исполни:

  • „…Од нашите пријатели во Македонија отсекогаш очекувавме совесно исполнување на сите преземени обврски, а не обиди да се толкува дали процесот на европска интеграција бара нивно исполнување. Посветеноста на Македонија за добрососедски односи и поблиска регионална соработка, вклучително и преку постигнувањето на опипливи резултати и совесно спроведување на билатералните договори, вклучително и (…) Договорот за добрососедски односи со Република Бугарија од 2017 година, како и годишните прегледи и мерки за негово ефикасно спроведување во согласност со член 12 од овој Договор“велат од бугарското МНР.

Во соопштението, потсетуваат и за инцидентот во Охрид со секретарот на бугарскиот клуб, Христијан Пендиков, кого го обезбедија со стан во Софија, и дека македонските институции допрва треба да ја докажат сериозноста со која ќе ги гонат злосторствата од омраза врз Бугарите.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста