Нема нови жаришта на африканска чума, но опасност од ширење постои

Плашејќи се  дека ќе останат и без добиток и без пари, сточарите од Облешево си ги колат свињите. Стравот дека африканската чума ќе им ја проголта храната, кај одгледувачите на свињи, посебно оние помалите, е се поголем.

  „Сите се загрижени. Не знам што е работата, важно сите ги колат. Се плашат да не им ги земат, за да се прехранат зимоска„-вели Јане Јанев, одгледувач на свињи..

 Последиците од африканската чума, допрва на свој грб ќе ги почувствува скромниот граѓанин. По ова, цената нагло ќе скокне, па ретко кое семејство ќе може да си дозволи да купи свинско месо, коментираат земјоделците..

 „Месото ќе поскапе. Ако селанецот не чува стока, нема да може да купи месо. Се ќе биде од увоз и тогаш нема да знаеме што ќе конзумираме„-вели сточар од Облешево.

 Последен пат Африканска чума кај свиња е потврдено минатата недела во Облешево.  Сепак ова не значи дека состојбата е надмината посочуваат експртите. Црвенило по кожата, температура или отоци на зглобовите се симптомите кои треба да го вклучат алармат кај сточарите и веднаш да  пријават кај ветеринарните инспектори

 „Не смееме да дозволиме вирусот во големи одгледувалишта каде што има голема агломерација на животни, на одреден и ограничен простор. Овде вирусот може многу брзо да се шири, дури и експлозивно„-посочува д-р Димитар Наков, универзитетски професор. 

Од крајот на јули досега, потврдени се шест жаришта во Македонска Каменица, Виница, Кочани и Чешиново-Облешево. Уништени се над 600 свињи, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство. Жителите на Облешево стравуваат дека болеста кај нив се рашири откако каменичанецнелегално пренел домашни свињи заразени со Африканска чума во Кочани. Истиот заработи и кривична пријава. 

Александра Ристевска