Нема „Мој термин“ за повеќе лекари и апарати

Многу ветувања, а малку остварувања, граѓаните се се понезадоволони од функционирањето на системот „Мој термин“. Велат со месеци седат пред ординациите на докторите иако кај некои од нив се работело за болести за кои нема време за чекање.

Дополнителен проблем им е и тоа што термините кои им се закажани докторите им ги откажуваат во последен миг.

Надлежните најавија и воведување на апликација која што требаше да го поедностави функционирањето на „Мој термин“, и да обезбеди транспарентен пристап за сите пациенти, сепак граѓаните лек за својата мака најчесто наоѓаат кај приватните доктори.
Од Министерството за здравство демантираат дека граѓаните дека ваков проблем постои.

Според нив, „Мој термин“ функционира беспрекорно.

„Не е точна констатацијата дека во Мој Термин не може да се закажат прегледи кај специјалисти со определени специјалности, ниту пак дека се недостапни некои апарати“.

Сепак, доколку отидете на интернет платформата „Мој термин“ воопшто нема да најдете слободни места за ендокринологија, нуклеарна медицина, радиотерапија, ехо на дојка и магнетна резонанца има само во Скопје. За дел од останатите првиот слободен термин е по неколку недели или дури пак месеци.