Нема маски за хронично болните

Хронично болните се уште ги чекаат специјалните заштитни маски кои пред околу два месеци ги најави министерот Филипче. Во декември лани, Филипче бараше начин како маските да бидат поделени на, како што посочи, ризичната група на пациенти, која брои 50.000 граѓани. Но досега, маските не се ниту набавени.

Од Министерството за здравтсво два дена молк. Нема одговор на прашањата на Алфа, зошто не се набавени 50.000 маски, кои во деновите на енормно загадување, им се повеќе од неопходни на болните.

Во очекување на заштитните маски за возрасните, аерозагадувањето ги полни детските болници. Околу 150 деца дневно завршуваат на државната детска клиника, најголем дел со респираторни проблеми. Ист е бројот на дечиња што се здржани на лекување во оваа болница.
Од болницата за белодробни заболувања во Козле за Алфа велат дека просечно, во институтот, се прегледуваат по 100 деца дневно.

Според светската здравствена огранизација, вдишувањето на канцерогени честички освен со болести, може да резултира со смрт. Оваа организација изброи дека на годишно ниво како последица од загадувањето, животот го губат околу 600.000 деца.

Сања Трајковска Ставров