Нема кривично дело, само етички прекршок: Грковска знаела дека Османи правел злоупотреби, ама нема како да го казни

Славица Грковска признава и го потврдува она на што укажа Aнтикорупциската комисија, министерот за надворешни работи Бујар Османи, злоупотребил службени возила за партиски цели. Ама Грковска не може да се справи со оваа ситуација оти според правните акти злоупотребата на Османи се води само како прекршување на етички кодекс, што не е кривично дело.  

Сепак Грковска се правда дека поради состојбите во Собранието, во моментов не може да се направат итни законски измени, за да се спречат овие злоупотреби на фунцкионерите. Нагласува дека нејзиниот кабинет ќе се обидел да преземе мерки за спречување на овие злоупотреби. Но други механизми за санкционирање на Османи во моментот нема, а претходно и Груби нема.

Грковска уште во октомври побара објаснување од првиот вицепремиер зошто бил на партиски настан со возило на државата, но одговор нема ниту четири месеци подоцна. И тука завршува се. Обвинителството не може да постапува бидејќи кривично дело според закон нема.

-Принципот на одвојување на државните и јавните функции од партиските активности е еден од клучните елементи на доброто владеење. Во тој контекст сите функционери во рамките на своите партиски активности не треба да користат државни ресурси, вклучително и службени возила, кажаа тогаш од кабинетот на Грковска.

Службените возила беа дел и од Планот за живот, како што беше наречена програмта на СДСМ во 2016-та година. Тогаш се ветуваше дека бројот на службени возила ќе се намали за најмалку 50 проценти, но наместо тоа добивме набавка на нови 45 лускузни возила Пасат вредни по 45.000 евра.

Ветувано беше и дека функционерите наместо со службени возила на работа ќе одат со сопствен или јавен превоз, како и секој друг вработен обичен граѓанин, барем доколку ја читаме програмата на СДСМ „План за живот“.

Матеја Петровски

Advertisements