Нема кој да дели правда – во внатрешноста недостасува судски кадар

Судовите посебно во градовите од внатрешноста на земјава кубурат со кадар – судската администрација е повеќе од преполовена, но уште повеќе загрижува фактот што во државава нема кој да дели правда. Судската тога е само излитена наметка оти нема кој да ја облече, третата власт остана без судии.

Секоја година доставуваме план за вработување до Судскиот буџетски Совет кој што дава зелени светло и одлучува за пополнување на испразнетите работни места, вели Мирчески, но нашите барања се едно, а одлуките на Советот сосема друго, недостасува најнеопходниот кадар – додава тој.

Згора на тоа условите за работи на админстацијата во некои од судовте се многу лоши. Работат во несоодветни услови, еден врз друг една просторија наменета за двајца, ја делат некаде и петмина, велат од здружението на судска админитрација, посочувајќи го само како пример Вишиот Управен суд.

Кога би се пополниле сите работни места кои последниве години се празни, а фалат според направената систематизација посебно во основните судови, не верувам вели Мирчески дека сите судови би имале соодветни услови за работа. А за да не скапува растргната од работа, на судската администрација денеска и беше поделен прирачник за вежби кои можеле да ги прават за време на работното време, за малку да се олабават оти 98% од испитаниците во судската администација при проврдено истажување, се пожалиле на здравствени проблеми.

Росица Голабоска