Нема веќе карти од обединета Македонија или нотирање на фактот дека после Букурешкиот договор Србија, Грција и Бугарија ја поделиле Македонија

Лекциите за Букурешкиот мировен договор, положбата на Македонците во Бугарија, Антифашистичкиот отпор, Балканските војни, историските факти кои се однесуваат на Цар Самоил – ова е само мал дел од она што Македонија ќе треба да го промени во учебниците по историја за седмо одделение согласно протоколот кој го потпишавме со Бугарија. Македонските образовни институции, по бугарски декрет ќе ги менуваат и учебниците по географија, односно лекциите кои се однесуваат на етничките граници на државава, и поделбата на територијата на Пирински, Егејски, Вардарски дел. Според професорката Наташа Котлар, Комисијата за историја ќе влезе во сфера на релативизирање и историска невистина која не е дозволена, и ќе посегне по автономијата на македонската, европската и светската историографија.

Тие ќе засегнат во независноста на она пто претставува државна администрација во однос на образованието. Тоа е една морална капитулација, политичка капитулација, интелектуална и национална капитулација. Ако се оди по линија да се создаваат содржини по нечиј диктат врз основа на негирање и асимилираљње. Бугарската страна не би сакала да чита дека извршила окупација на македонски простор (се однесува на Балканските војни*), сигурно тие би инсистирале да пишува дека таму се работело за еден бугарски народ, кој тогаш бил ослободен. Тоа не го вели науката. Ние ќе имаме голем проблем. Зошто европската научна интелигенција тоа го дозволува? Дали се тоа европските вредности – прашува универзитетската професорка Наташа Котлар.

И не само учебниците по географија и историја во основно образование, Котлар предупредува дека ќе се менуваат и други учебни материјали во сите образовни нивоа. Тоа според неа е диктат кој што ја ништи националната и моралната вредност на македонскиот народ.

Тоа е диктат кој што ја ништи националната и моралната вредност на македонскиот народ за да смените такво нешто тоа значи негирање узурпација, воспоставување на сила. Спорното во географија, 1913 со Букурешкиот догоовр, најпрвин големите сили кои ги имаме во членките на ЕУ, делеа територија, македонска. Тоа е потврдено, а населението било именува секако, само не како Македонци. Е сега Бугарија има проблем како да го оправда, Пиринскиот дел – додава Котлар.

Согласно заклучоците на мешовитата историска Комисија веројатно прво ќе биде издаден прототип на еден учебник по историја, за 7 одделение , за да се види како е претставена содржината од Среден век која се однесува за Царот Самоил, и останатите содржини кои се спорни за Бугарија. За Котлар е недозволиво, една наука која што поминала низ филтерот на сите рецензенти, да го дава материјалот на други рецензенти да го проучуваат или оспоруваат.

Владата се согласи дека до почетокот на учебната година 2023/2024 да ја промени содржината на учебникот по географија за 7 одделение, „заради неосновани етнички/територијални претензии.

Адријана Алексиеска

Поврзани вести