Нелегалниот риболов го уништува Охридското езеро
На дното на Охридското езеро буквално вдолж целата површина, со децении гнијат рибарски мрежи.Домашните и странски експерти го вклучија алармот,гласно бараат од надлежните институции поголемо присуство и контрола на Охридското езеро за да се спречи нелегалниот лов на риба со километарски мрежи.Најчест плен се ендемичните видови риба пастрмката и белвицата, бидејќи побарувачката на пазарот диктира што се лови.
“Треба и построга примена на законските регулативи, треба поголема координација на релевантните институции вклучени за решавање на овој проблем и по остри казни.Бројот на луѓето кои се наоѓаат на езеро, би требало на повеќе начини да биде контролиран, особено во период кога не е комерцијалниот риболов присутен”-вели Душица Илиќ Боева,Хидробиолошки завод.
“Верувам дека има два начини на подобрување на условите, едно е со поголема контрoла од институциите, а друго со поголема едукација на оние кои се корисници на тој рибарски алат”-вели Вероника Микос,меѓународен нуркач.
Добар дел од мрежите кои најмалки 3 децении скапуваат на езерското дно,се полни со трулеж од риби,ракови па дури и птици.
“Тие служат како стапици за рибите тие се најчесто напластени на локалитетите каде што се наоѓаат рибните плодишта”- Орхидеја Крстаноска,директор на Хидробиолошки завод
Само за 4 дена на потегот од Свети Заум до полуостровот Градиште на длабочина од 5 до 35 метри,беа извадени 64 мрежи, дел од нив индивидуално поставени и обмотани околу карпите.
“Езерото е доста големо, доста локации со заостанати мрежи,повеќето мрежи се на карпестиот дел на простор каде што се мрести охридската патстрмка и сите мрежи се зафатени за карпите, тие не се мазни карпи па можете лесно да извадите мрежа тоа ни е најголемиот проблем, а ги има на скоро сите длабочини”-вели Милутин Секулоски,нуркачки центар “Амфора”
Дел од мрежите не беа со потекло од нашата држава,затоа овој проблем треба да се решава билатерално,заедно со Република Албанија,велат експертите.Во акцијата спроведена во 2017-та биле останети 14 километи мрежи,некои од нив обмотани дури и околу пумпата за снабдување на вода на градот Охрид.
Росица Голабоска