Неколку трикови за убавина кои ги применуваат војвотките Кејт и Меган

Членовите на кралското семејство секогаш се средени од глава до пети, но и нивниот изглед делува свежо и природно.

За секогаш да блескаат каде и да се појават, посебно кога станува збор за Кејт и Меган, тие користат козметички трикови.

Војвотките имаат неколку трикови за нега и убавина заради кои секогаш изгледаат свежо.

Како се негуваат војвотките Кејт и Меган?

Масло од шипка за осветлување на кожата

Омилениот козметички производ на Кејт ѝ е ладно цеденото масло од шипки, кое почнала да го користи во втората бременост.

Пилинг и маски за подмладување

За да ја одржува кожата младолика, Кејт користи производи за подмладување, како маски со отров од пчела, која ја мачка на кожата неколкупати месечно, а за секојдневна нега, таа бира производи со витамин А.

Масло од чајно дрво

Омиленото масло за тело на Меган пак, е она од чајно дрво, што е одличен антисептик, а секогаш го носи со неа каде и да патува.

„Smokey eyes“

користење две бои на сенки за впечатлив, но не претеран изглед

Кејт практикува шминкање smokey eyes  со сиви и кафеави сенки кои ја нагласуваат зелената боја на нејзините очи, плус водоотпорен црн туш за очи.

Кармин со природни нијанси на кожа

Двете војвотки преферираат светли и природни тонови на кармин за усни, кој го надополнува свежиот изглед на лицето, заради што блеснуваат во полн сјај.

Меган исто така секогаш носи навлажнувачки балсам за усни за да спречи сушење.

Масло од јојоба и аминокиселини за свилен изглед на косата

Елегантните локни на Кејт се должат благодарение на кремите со аминокиселини за свилен изглед и јојоба маслото, што се користи на мокра коса, која потоа се суши, а редовно става и маски со кератин.

Спреј со морска сол за коса

За да создаде природен изглед на косата, војвотката Меган ја прска со спреј со морска сол, кој се нанесува на мокра коса, а потоа при сушењето се добива природна форма, со нежни притискања со раце.