Неизвесен стартот на второто полугодие поради епидемијата на мали сипаници

Епидемијата на морбили може да го одложи стартот на второто полугодие во училиштата, што треба да започне за 10 дена. За ова допрва ќе одлучуваат надлежните. Министерот за образование вели дека ќе се превземат мерки, а се размислува и за изнаоѓање законско решение со кое, ќе се поттикнат сите родители да ги вакцинираат децата.Т

Во меѓувреме расте бројот на заболени од морбили. На инфективната клиника, освен седум дечиња на возраст од две години, примени се уште неколку пациенти за кои постои сомнеж дека се заболени од мали сипаници.

Седумте деца, за кои се чека лабораториска потврда дека имаат мали сипаници се од населбата Ново лисиче од Скопје и ја посетувале градинката „Сонце“, но градинката се уште не е затворена, иако, од министерството за здравство претходно посочија, дека во истата секојдневно се згрижуваат поголем број дечиња што не се вакцинирани.

Од почетокот на епидемијата на мали сипаници, која беше прогласена на почетокот на јануари годинава, досега во вакциналните пунктови во Скопје се вакцинирани над 1.600 деца.