Независниот синдикат на полицијата бара 20% поголеми плати од јануари 2019

Независниот синдикат на полицијата бара еднократно покачување на платите за 20% од јануари 2019 наместо зголемувањето на платите што го најави министерот за внатрешни работи кое, според синдикатот, ќе изнесува од 400 до 700 денари.

Наместо срамното покачување од 400 денари, колку за еден килограм месо, велат од синдикатот, и бараат за сите вработени во министерството за внатрешни еднократно покачување на платите од наредната година.

Независниот синдикат на полицијата прашува и зошто министерот за внатрешни не сака да ги признае за репрезентативен синдикат иако имаат околу 3.000 членови кои, како што изјави портпаролот на синдикатот Дејан Саздов, бараат да се штрајкува се до исполнување на нивните барања.