Независниот синдикат на геријатрија бара повисоки плати и подобри услови за работа
По лекарите и медицинските сестри, сега и техничкиот персонал во здавствените установи го крева гласот за повисоки плати и подобри услови за работа. Независниост синдикат на геријатрија не се согласуваат со новиот колективен договор потпишан помеѓу ССМ и владата. Велат дека во него има огромен број недоречености. За нив е неприфатливо платите да се зголемат за 10%, во услови кога функционерските пораснаа за 78%.