Недостаток на спасители на охридските и струшките плажи
Двајца давеници и преку 400 интервенции на укажување на прва помош,ова е билансот на инциденти со кои се соочиле спасителите на вода само во првата половина од месец јули. Спасувањето на двата животи во последен миг, го вклучи алармот од потребата да се ангажираат спасители на сите плажи и капалишта.
Во моментов во Охрид на 15 плажи се воспоставени безбедносни критериуми со ангажман на 10 спасители.Во соседна Струга во ек на сезоната, на капалиштата не се обезбедени нити најнеопходните мерки за безбедно функционирање,спасители има само на две плажи. Онаму каде што нема спасители, капалиштата се потполно небезбедни и треба да се избегнуваат,укажуваат од охридскиот Црвен крст.
“Секако дека е битно цело крајбрежје каде што има и еден капач тој да се чувствува безбедно,доколку не се воспоставени услови за безбедно капење тоа треба да се истакне на соодветна табла.Дали локалната стопанисува или концесионерот,доколку нема услови за безбедно капење, треба да истакне табла на која што ќе биде јасно напишано дека таа плажа се користи на сопствен ризик и дека не се воспоставени услови за безбедно капење”-вели Сашо Точко од Црвениот крст.
Никаде, на ниту една плажавдолж целото охридско-струшко крајбрежје не е поставена табла на која согласно правилникот треба да стои дека капалиштето е небезбедено,вели Точко. Тој апелира до сите оние кои стопанисуваат со плажите да обезбедат час поскоро спасители, бидејќи во спротивно, ако се случи немил настан,одговорноста ќе биде нивна. Згора на се’ треба да се има предвид дека бројот на спасители последниве 4 години е многу мал.На последната обука се пријавиле само 11 лица кои покажале интерес да работат како спасители на вода.
” Многу е тешко да се менаџира, особено кога на оние кои што се спасители и кои што се подготвени да работат ова лето, му ветувате дека од 1-ви јули почнуваат капалиштата, а гледате дека само дел од капалиштата почнуваат и тие си бараат нови извори на приходи.Си бараат нова работа одат како шанкери, келнери,не ја потценувам никако струката, но не можете да ги задржите”-додава Точко
Инаку ова лето, одредени групи на странски туристи преку менаџментот на хотелите каде што се сместени, побарале да им се обезбедат спасители на одредени плажи кои ќе ги користат за време на нивниот престој на ривиерата,на што од Црвениот крст веднаш им излегле во пресрет.
Росица Голабоска