Неделков за Алфа: Не сме задоволни од новото усогласување на платите согласно Колективниот договор
Итно и без одлагање да се изврши усогласување на платите во образованието согласно минималната плата за 2023 година, бараат од СОНК, откако, како што велат, власта не ги испочитува просветните работници до крај.

Просветните работници – изиграни од владиното решение за усогласување на платите, според колективниот договор. Иако добија ветување дека платите ќе растат, сепак тоа нема да се случи барем не оваа, а ни следната година. СОНК бара средба со Владата за да знаат на што се.

- И по истекот на рокот за кој е потпишан, Колективниот договор не е завршен, одосно во сила се сите негови одредби сè до потпишување на нов. Меѓу клучните придобивки во Колективниот договор се предвидените механизми за годишно усогласување на платата врз основа на растот на просечната плата, како и непрекинатиот континуинет во примената на сите негови одредби сѐ до потпишување на нов договор.
Со претседателот на СОНК, Јаким Неделков разговараше Борис Грујоски.