Негрижа кон дијабетичарите – со месеци нема игли и ленти за мерење шеќер
Поради доцнење на тендерите, дијабетичарите повторно останаа без ленти за мерење на шеќерот во крвта. Нема ниту игли во болничките аптеки. Пациентите се жалат дека најголем проблем имаат родителите со деца дијабетичари. За нив мерењето на гликемијата не е еднократен процес, туку треба да се повторува по неколкупати во текот на денот, што значи и зголемена потреба од ленти, но и поголем финансиски трошок доколку сами си ги набавуваат. Од Асоцијацијата за детски дијабетес повторно побараа институциите да не бидат “слепи” и децата да добијат модерни терапии.
Од Здруженијата на дијабетичари не кријат дека проблемот се провлекува подолг период. Бараат долгорочно и системско решение.
Од Министерството за здравство за Алфа велат дека постапката за јавна набавка на ленти и игли за мерење гликемија е во финална фаза.
И додека со месеци ги нема основните средства за третирање на дијабетичарите, МЗ се пофали на социјалните мрежи дека во Клиничкиот центар Мајка Тереза се правелa “генералка”. Фотографии од хигиеничарки со џогери и крпи во рацете, колички полни со средства за дезинфекција, вреќи за собирање на отпад, метли… вчера беа објавени на фејсбук-профилот на Министерството за здравство.
Од тука се поставува прашањето дали чистењето на болниците е потребно постојано, а не кампањски, а дезинфекцијата треба да се подразбира како секојдбневие зашто во болниците понекогаш се умира и од бактерии, а не од болести.